Вајперс ја одбрани титулата – го тресна Ѓер среде Будимпешта

Ракометарките на Вајперс Кристијансанд ја одбранија титуалта европски шампион откако славеа вво финалето на фајнал-форот во Лигата на шампиони против Ѓер со 33:31.

Уште од почетокот двете екипи влегоа максимално во дуелот, се играше доста борбено и со често менување на водството. До крај на првиот дел Вајперс успеа да обезбеди преднот и на паузата имаше водство од 13:15.

Второто полувреме започна во силен ритам, двете екипи играа брзо и успешно ги реализираа нападите. Ѓер израмни на 16:16  после неколку минути игра, но Вајперс брзо ја врати предноста на своја страна.

Јерабкова и Мерк донесое највисоки четири гола позитива на норвешкиот претставник во 37. минута кога беше 17:21. Натпреварот продолжи со игра гол за гол и најчеста разлика од три гола во корист на Вајперс Кристијансанд.

Во последните десет минути борбата се разгоре уште повеќе, голманките  на двете страни беа одлични, Глозе и Лунде. Се играше многу брзо и со многу грешки. Катрин Лунде блескаше на голот на Вајперс во клучните моменти и овозможи норвешкиот тим да одржува предност. Нејзините одбрани ракометарките во напад ги искористија со погодоци и сигурно чекореа кон триумф.

На две минути до крај Вајперс имаше четири гола водство кое без поголеми проблеми го сочува до крај за конечна победа и одбрана на титулата Европски шампион во женска конкунреција.

Најефикасна во тимот на Ѓер беше Ане Мете Хансен со шест гола, а по четири гола постигнаа Лукач и Блом. Во составот на Вајперс Кристијансанд со седум гола прв стрелец беше Маркета Јерабкова со седум гола и Изабел Гулден со шест гола. Една од најзаслужните за победата секако беше Лунде со 12 одбрани.