Митревски и Порто со победнички крај

Екипата на Порто на домашен терен славеше во последното 30. коло во првенството на Португалија против екипата на Мадеира со 34:30 и со 29 победи и само еден пораз стана шампион.

Порто и Митревски уште во претходното коло ја прославија титулата, а со овој триумф само ја потврдија. Митревски на овој натпревар имаше пет интервенции и еден обид да постигне гол, но не успеа да ја погоди противничката мрежа.

На овој натпревар ракометарите на Порто одиграа колку што беше потребно да се оствари триумф. Уште на полувремето беше завршена работата кога Порто водеше 21:14.

Во продолжение без голем напор остварија конечна победа, Мадеира успеа само да го ублажи поразот. Со освојувањето на титулата во домашното првенство Порто си осигура настап во Лигата на шампионите следната сезона.