Охрид пикира двајца Грузијци, пред потпис и српски десен бек?

Раководството на Охрид активно работи на трансфер пазарот пред стартот на подготовките за новата сезона во која амбициите се високи.

Откако беше промовиран новиот тренер Горан Андоновски, и беа продолжени договорите со Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, на ред дојдоа и новите засилувања.

Според информациите на 24Ракомет, прв пик на охриѓани се голманот и левото крило од Грузија, Зураб Цинцадзе и Хазеин Рустамов, кои во последните две сезони го носеа дресот на Прилеп и имаа солидни партии. Дали ќе се преселат во Охрид останува да видиме.

Покрај нив двајца, на радарот на Охрид се наоѓа и 23-годишниот десен бек на Дубочица Лесковац, Никола Грубиќ, кој на 28 меча во српскиот шампионат даде 78 гола.

Покрај овие интернационалци, охриѓани се интересираат и за домашни ракометари, а кои од нив ќе го засилат тимот, ќе дознаеме наредните денови.