Норвешкиот претставник Наербо го освои трофејот во Европскиот откако во реваншот од финалниот двомеч славеше на гостувањето кај Баја Маре со 26:27. И во првиот дуел победи Наербо со 29:25.
Наербо доаѓа од истоименото норвешкото гратче кое има само околу 7.000 жители и во првата своја сезона во европските купови успеа да стигне до трофејот во Европскиот Куп.
Наербо имаше одлично издание во првото полувреме и целосно го контролираше натпреварот. На полувреме имаа водство од 10:13, а во продолжение ракометарите на Баја Маре само еднаш успеаја да стигна до израмнување но немаа сили за целосен пресврт.
Најефикасен во тимот на Баја Маре беше Стефан Вујиќ со шест гола, а по четири постигнаа Вујовиќ и Да Силва. Во составот на Наербо најефикасни со по шест гола беа Хорст и Торд со Хаугсенг со по шест гола.