Тимот на Коњалти, каде што настапуваат двете македонски интернационалки, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, славеше нова победа во турскиот шампионат.
Коњалти беше убедлив на гостувањето кај составот на Его Спор и славеше со 19-34, а двете Македонки имаа значаен придонес.
Јанеска постигна четири погодоци, Гакидова беше стрелец на два гола, додека некогашната вардарка Алена Ихнева постигна три.
Коњалти со новите бодови се зацврсти на четвртото место со 32 бода и го потврди местото во Европскиот Куп за следната сезона. До крајот на сезоната за Коњалти и Македонките останува да го одиграат уште мечот со Ускудар на домашен терен.