Откако го добија дербито со Спортинг Лисабон, Порто и Никола Митревски совладаа уште еден ривал во битката за титула.
Го добија второто дерби со Бенфика со 32-28, а клучно беше првиот дел, кога домашните направија солидна предност од четири гола, 19-15.
Митревски имаше шест одбрани со 30% успешност, додека прв стрелец беше Иван Слишковиќ со седум погодоци.
Порто до крајот има уште два натпревари, следниот го игра со Агуаш Санташ и има два бода повеќе (82) од втората Бенфика (80) која има само уште еден меч до крајот на шампионатот, па ќе треба вистинско чудо за Порто да не ја одбрани титулата.