Кубанецот продолжува во „црвено-црн“ дрес: Куни Моралес останува во Вардар!

Кубанскиот интернационалец Куни Моралес и во наредната сезона ќе ги брани боите на македонскиот шампион Вардар.

Моралес дојде минатото лето во Македонија, остави одличен впечаток, особено со игрите во пролетниот дел од сезоната кога Давид Дејвис дојде на вардаровата клупа, па раководството на „црвено-црните“ му понуди нова соработка.

Претходно Вардар ги официјализираше средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, како и левиот бек Жилберто Дуарте, а пред промоција е кружниот напаѓач Павел Андреев.

Договорите ги продолжија Тимур Дибиров, Борко Ристовски и Марко Мишевски, а наскоро се очекува да биде потврдено останувањето и на поголем дел од играчите од актуелниот ростер.