Екипата на Порто каде што настапува Никола Митревски забележа убедлив триумф против Санхоаненсе од 41:29 во 27. коло од првенството на Португалија.
На овој натрепвар минутажата на голот на Порто ја поделија тројца голмани по дваесетина минути. Митревски имаше четири одбрани со 25% одбраниети удари. Уште бранеа и Франдсен и Маркес кои има по шест одбрани.
Порто беше доминантен во текот на сите 60 минути, после првото полувреме имаше предност од 19:15. Во продолжението без никакви проблеми стигнаа до нова победа која ги задржува на врвот на табелата со три бода (79) пред Спортинг и Бенфика, кои имаат по 76, на три кола до крајот.
Во следното коло Митревски и Порто на домашен ќе имаат голем предизвик на дерби дуелот со Бенфика на кој доколку победат ќе бидат многу блиску до титулата во Португалија.