Македонскиот стратег Стевче Алушовски и во следните три години ќе работи на Исланд, во тимот на Тор Акурејри.
Тој замина во овој клуб на почетокот на сезонава, раководството е задоволно е од работата на Алушовски, задоволен е и македонскиот тренер, па соработката беше продолжена.
„Среќен сум што работам за Тор Акурејри. Сакав да останам во клубот бидејќи не чекаат големи предизвици во следниот период. Имаме добра шанса да направиме тим што ќе се позиционира во елитната лига, а моја работа и на другите што работат во клубот е да направиме се да успееме во остварувањето на целта“, вели Алушовски.
Многумина беа изненадени кога Алушовски замина на Исланд, но тој е задоволен од тоа што се случуваше оваа сезона.
„За многумина беше изненадување што дојдов на Исланд. Ме контактираа веднаш, но јас сум задоволен бидејќи овде имам се што ми треба. Условите се многу добри, имаме многу млади и талентирани момци во Тор. Мојата визија за иднината е јасна, ќе ангажираме некои поискусни ракометари на одредени позиции и со профеисонална работа да го однесеме Тор таму каде што му е местото – во елитната конкуренција и да го задржиме таму. Тоа е голем предизвик за мене“, заврши Алушовски.
Во Тор Акурејри сезонава играа Томислав Јагуриновски и екс играчот на Охрид, Јосип Кежиќ, но тие ја завршија соработката и нема да се враќаат на Исланд. Тор играше во полуфиналето на плеј-офот за место во најсилната лига, но несреќно беше елиминиран и сезоната веќе заврши.