Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски си замина од исландскиот тим Тор Акурејри по крајот на сезоната.
Тимот предводен од Стевче Алушовски беше елиминиран во полуфиналето од плеј-офот за место во елитната конкуренција на Исланд, па сезоната за ракометарите на Тор веќе заврши.
Јагуриновски на Исланд го имаше првото интернационално искуство и беше меѓу најдобрите поединци во Тор Акурејри.
Сепак нема да го продолжи својот престој таму и се враќа во Македонија, каде е предмет на интереси на повеќе суперлигаши. Раководството на Тор жали што заминува и открива дека причини се семејни.