Ландин бранеше сè, Кил славеше против Миркуловски и Вецлар

Екипата на Вецлар каде што настапува Филип Миркуловски имаше тешка задача на гостувањето кај Кил во натпревар од 26. коло во Бундес лигата и доживеа пораз од 27:24.

Миркуловски имаше мала минутажа на натпреварот но и покрај тоа успеа да постигне еден гол од единствениот удар кон противничкиот гол. Најефикасен во Вецлар беше Форсел со чеири гола. На голот на Кил несовладлив беше Никлас Ландин кој имаше 21 одбрана и 54% одбранети удари.

Кил имаше постјано водство во првото полувреме а после одиграни 30 минути имаше сигурни пет гола позитива од 13:8. На почетокот на вториот дел домашниот тим се одлепи на осум гола предност, 18:10 и се чинеше дека е решен победникот.

Вецлар не се предаде, успеа да го намали заостанувањето и на две минути до крај имаше само два негатива. Сепак Сандер Сагосен ја презема одговорноста и реализираше за конечна победа на Кил. Со овој триумф Кил останува во борбата за шампионската титула.