Екипата на Хановер каде што настапува Филип Кузмановски имаше тешко гостување во натпревар од 22. коло во Бундес лигата кај Гепинген и доживеа пораз со 31:25.
Филип Кузмановски на овој натпревар постигна два погодоци од четири шута, а зад своето име запиша уште две асистенции и едно исклучување од две минути.
Гепинген одлично отвори со 4:0 и оваа предност сигурно ја чуваше во текот на првото полувреме. Во завршницата Хановер успеа да намали и на одмор да замине со минус два, 15:13. Сепак во продолжението Гепинген сигурно играше и постојано имаше три или четири гола предност за конечна победа на крајот.
Со оваа победа Гепинген се искачи на 5. позиција на табелата која води во европските натпреварувања, додека Хановер останува на 13. место со 19 бода. Во следното коло Кузмановски и Хановер го пречекуваат Вецлар на Миркуловски на 1 мај.