Женската репрезентација на Македонија има нерешен резултат на полувремето на натпреварот против Норвешка, 13-13. Норвежанките на последните две средби во ЕХФ Евро Купот не играат со најсилниот состав, но на крајот се брои само резултатот, а Македонија има добри шанси за позитивен резултат.
На почетокот се играше гол за гол, Македонија одлично парираше на актуелниот европски и светски првак. По 6-5 за Норовежанките, нашата селекција постигна три гола во серија.
Стојковска, Јанеска и Саздовска донесоа плус два за Македонија, 6-8, по петнаесетина минути игра. Избраничките на Савевски ја одржуваа таа разлика, но по 9-11, се случи мал пад во нашата игра.
Делиа и Ларсен израмнија на 11-11, а потоа во контранапад Хаусенг донесе 12-11 за Норвежанките. Штериова беше исклучена, па во следните акции немавме многу решенија во нападот.
Сепак Дабевска на две минути до паузата израмни на 12-12, а потоа истата ракометарка израмни на 13-13. Ристовска постигна убав погодок за наше водство, но Арнцен израмни од пенал по истекот на времето, 14-14.