Европската ракометна федерација ги објави составите за натпреварот од шестото коло во ЕХФ Евро Купот меѓу Норвешка и Македонија.
Селекторот Љубомир Савевски се реши само за една промена во ростерот на Македонија за вечерашната пресметка.
На местото на средниот бек Ивана Арсениевска во комбинација ќе биде Александра Коловска, а отпаднаа десниот бек Ива Младеновска и голманот Марија Јовановска.
Натпреварот меѓу Норвешка и Македонија се игра денеска во Бекестуа со почеток во 16:00 часот.