Репрезентативките на Македонија утре и во недела ги чека нов предизвик во ЕХФ Евро Купот во кој ќе се сретнеме со репрезентацијата Норвешка.
Првиот натпревар од двомечот го играме на домашен терен, утре во „СЦ Борис Трајковски“ од 19:30 часот. Норвежанките не допатуваа со најсилниот состав, но секако дека и ваква Норвешка кој е една од најсилните женски репрезентации во светот има квалитет.
Познати се судиите кои ќе делат правда на двата дуели. Во Скопје утре ќе судат Унгарците Кристоф Алтмар и Мартон Хорват. За делегат на натпреварот е избран Исмаил Металари.
За натпреварот кој во недела од 16:00 часот ќе се игра во Норвешка за главни на теренот се избрани Барбора Боцакова и Лусија Јаносикова од Словачка. Делегат на оваа средба ќе биде Бјорн Хогснес од Норвешка.
Савевски пред Норвешка: Доаѓа олимписки и светски шампион, натпреварите ќе бидат празник за сите!