Иако најави можно повлекување: Мукаетов останува претседател на РФМ

Живко Мукаетов, актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, ќе остане на фунцијата и понатаму. Тј беше реизбран за претседател лани на Собрание на РФМ, и го тера третиот мандат.

Иако тој најави можно повлекување од функцијата пред неколку месеци, сепак тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина. На последната седница на УО на РФМ, тој ги информираше членовите дека сепак не е време за повлекување, иако веќе 9 години е на чело на федерацијата, бидејќи има многу настани што следуваат, и дека по последните случувања, и во разговор со некои соработници решил да остане на челната позиција на македонскиот ракомет.

Мукаетов изјави дека и натаму верува дека во УО има луѓе кои имаат капацитет да ја водат федерацијата, но сепак решил да остане поради следните предизвици што претстојат пред македонскиот ракомет, иако потврди дека има доста „мераклии“ од надвор што сакаат да бидат на тоа место.

Според него политиката треба да остане настана од ракометот.