Македонија одигра нерешено во првиот бараж натпревар 24:24 на гостувашето во Чешка иако имаше и највисоко водство од седум гола во еден момент од натпреварот.
Десниот бек Томислав Јагуриновски имаше свое видување на натпреварот и ги истакна причите за испуштената победа на овој меч.
„Бевме подготвени за овој натпревар, ги знаевме нивните акции и дека доста напаѓаат еден на еден. Задоволен сум од играта, мислам дека го исполнивме тоа што го бараше од нас селекторот. Имаме уште еден натпревар во Скопје на кој мора да победиме за да се пласираме на СП. Игравме добро во одбрана, во напад направивме грешки имавме доста промашени шутеви, но ќе го поправиме тоа за раваншот. Очекувавме добра Чешка, така одиграа, ги искористија нашите грешки и се вратија резултатски“, рече Јагуриновски.
Реванш натпеварот после кој ќе биде познат патникот на Светското првенство ќе се игра во недела со почеток во 19:00 часот во салата Борис Трајковски.