Македонија со реми се враќа од Злин, 24-24, откако имаше предност од седум разлика, но на крајот не издржа против Чешка.
Селекторот Кире Лазаров жали што не победивме, но вели дека да понудел некој реми пред натпревар, секако дека ќе го прифател.
„Им честитав на моите момци за борбата и она што го одиграмве како натпревар. Треба да бидеме задоволни, во еден момент водевме со 10-17, игравме како по ноти, но на крај ни се случи пад, што ќе не држи многу будни. Можеби и на некој начин ги изненадивме, знам дека тие ќе се спремат многу, но нема да биде лесно. Жалам што не победивме барем гол разлика, затоа што заслуживме. Не знаевме да го приведеме на тпреварот до крај, промашивме зицери. Тежок натпревар за играње, доста сила потрошивме и треба да се одмориме. Да ми го понудеше ова некој пред натпревар, со две раце ќе го прифатев затоа што ја респектираме и Чешка и Сабате како тренер“, вели Лазаров.
Реванш средбата меѓу Македонија и Чешка се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.