Машката репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на СП против Чешка.
Во Злин во „Датарт“ салата, ќе има поддршка од навивачите кои допатуваа да и дадат поддршка на нашата селекција.
Македонија никогаш нема победено на пет гостувања во Чешка, но можеби сега е моментот да се прекине традицијата.
Реванш средбата меѓу Македонија и Чешка ќе се игра на 17 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот.