Хрватскиот член во редовите на Вардар, Анте Гаџа, во краток разговор за „Вечерњи“ зборуваше за убиството на неговиот сонародник, Денис Тот, кој беше убиен во Скопје ноќта помеѓу 6. и 7. април.
Гаџа заедно со неговите соиграчи веста за трагичниот настан ја слушнале во раните утрински часови на 7 април кога ги финиширале последните подготовки за натпреварот против Бутел во рамки од плеј-оф фазата.
„Информацијата ја добивме тоа утро на нашиот тренинг, на кој се подготвуваме за натпреварот против Бутел. Сите бевме шокирани во тимот кога слушнавме дека починал. Тоа е трагедија и натпреварот веднаш падна во четврти или петти план. Тешко е да се каже нешто, сите сме тажни. Тука сум две години и немам никакви лоши искуства, луѓето се навистина љубезни кон нас и срдечни, па би рекол дека ова е изолиран случај. Некој мора да одговара за ова и се надевам дека нема да се повтори“ изјави Гаџа за „Вечерњи“.
Три лица се осомничени за убиството на Денис Тот, од кои двајца, А.К и К.Л се во притвор, додека А. Ѓ сѐ уште се наоѓа во бегство.
Последен поздрав – неколку илјади луѓе го испратија Тот, тага и болка во Ѓаково (ВИДЕО)