Последен поздрав – неколку илјади луѓе го испратија Тот, тага и болка во Ѓаково (ВИДЕО)

Семејството и пријателите денес го испратија последниот поздрав за Денис Тот, ракометарот на Бутел кој беше убиен во Скопје ноќта помеѓу 6. и 7. април.

На гробиштата се собраа голем број луѓе кои сакаа да се простат од Тот, а тоа само го потврдува она што се зборуваше во претходните денови дека станувало збор за една фантастична личност.

На погребот на Тот присуствуваа и познати лица меѓу кои беше и таткото на Домагој Дувњак. Хрватските медиуми пишуваат дека станува збор за најмасовниот погреб кој се памети во Ѓаково, родното место на ракометарот.

Хрватскиот десен бек тековната сезона беше дел од Бутел Скопје, претходно две сезони играше во Охрид, а има настапувано за хрватските Ѓаково и Пореч, австрискиот Брик и шпанскиот Адемар Леон.