ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…

Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 4. коло од плеј-оф/аут.

Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

РАДОВИШ – СКОПЈЕ 24-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 39-18 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРИЛЕП 27-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ТИКВЕШ 26-28 (ИЗВЕШТАЈ)

Според Вас, кој ракометар го одбележа 4. коло од машката Суперлига?

Давор Шокоски - лев бек - Прилеп
71.85%
Дејан Гошевски - десен бек - Тиквеш
13.80%
Кристијан Ристов - лево крило - Радовиш
5.00%
лавјан Паунов - голман - Радовиш
4.54%
Елмир Граџан - пивот - Еурофарм Пелистер
2.04%
Јосип Божиќ Павлетиќ - десно крило - Еурофарм Пелистер
1.39%
Страхиња Симиќ - среден бек - Тиквеш
1.39%

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Голман: Славјан Паунов (Радовиш) – чуварот на мрежата на Радовиш успеа да собере 12 одбрани против Скопје, а постигна и два погодока.

Лево крило: Кристијан Ристов (Радовиш) – левото крило го водеше неговиот тим до триумф над Скопје и даде седум гола.

Лев бек: Давор Шокоски (Прилеп) – левиот бек игра во одлична форма и ги водеше прилепчани до победа кај Струга со седум гола.

Среден бек: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – српскиот интернационалеци не само што подели повеќе асистенции до соиграчите, туку и му даде пет гола на Охрид.

Десен бек: Дејан Гошевски (Тиквеш) – десниот бек одигра одлично во триумфот против охриѓани и беше најефикасен со шест погодоци.

Десно крило: Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот интернационалец беше меѓу подобрите во победата над „помалиот брат“.

Пивот: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – босанскиот репрезентативец одигра добра партија против вториот тим од Битола и даде пет гола.