Еурофарм Пелистер за десетина минути го реши „помалиот“ брат

Екипата на Еурофарм Пелистер имаше лесна задача во братското дерби со Еурофарм Пелистер 2, триумфираше со убедлив резултат од 39:18, во натпревар од 4. коло од плеј-оф фазата во Супер машката лига.

Уште од самиот почеток разликата во квалитет меѓу двете екипи беше видлива на теренот. Избраниците на Жељко Бабиќ стартуваа фуриозно и за десетина минути игра дојдоа до големо водство од 7:1. Младите „фармацевти“ во следниот период се обидуваа да намалат дел од резултатската негатива и во 18. минута преку Митревски намалија на минус четири, 7:11.

Еурофарм Пелистер, кој на овој натпревар беше формално домаќин, со серија од 4:0 се одлепи на 15:7. Тука веќе беше јасно како ќе се движат работите во останатиот дел од натпреварот. По 30. минути игра, резултатот гласеше 19:10 за „поголемиот“ брат.

Второто полувреме беше само формалност, во која шанса за настап добија сите ракометари што им беа на располагање на двата тренери. Водството на Еурофарм Пелистер се зголемуваше од минута во минута, па така во 45. минута „домаќините“ имаа плус 16 гола разлика, 31:15. Ракометарите на Еурофарм Пелистер во последниот период од натпреварот ја надоградија високата предност за конечни 39:18.

Најефикасни во победничката екипа беа Мирко Радовиќ со седум и Јосип Божиќ Павлетиќ со шест погодоци. Во вториот тим се истакнаа Стефан Талевски со четири и Христијан Митревски со три гола.

11 април 2022
39 - 18
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Крај
11 април 2022 02:42 ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1939Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21018Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек01
3Гоце Ојлескилево крило05
4Никола Маркоскипивот02
6Бојан Маџовскилево крило05
7Дејан Кукуловскилев бек05
9Стипе Мандалиниќлев бек01
12Мартон Секељголман00
13Мирко Радовиќдесен бек07
14Марио Танкоскицентрален бек01
18Јосип Периќцентрален бек01
19Ненад Костескидесно крило00
24Милорад Кукоскилев бек00
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило06
59Елмир Граџанпивот05
74Немања Обрадовиќцентрален бек00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 039

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
7Андре Буторацдесен бек24
10Христијан Митревскидесен бек04
12Христијан Јовановскиголман00
16Благојче Трајкоскиголман00
22Иван Димитровскилево крило00
23Стефан Талевскицентрален бек04
24Никола Стоилевскидесно крило00
33Петар Атанасијевиќлево крило01
34Емилијан Ѓорговскилев бек01
44Ненад Белистојановски-02
59Трајче Мицевски-01
84Мартин Табаковски-01
88Димитриј Блажевскидесен бек00
 Вкупно 218

Officials

Судии:Делегат:
БОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО
НАЧЕВСКИ ВИКТОР
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090