Завршниот турнир во женската Лига Европа ќе одржи на 14 и 15 мај во дански Виборг.
Данската „ТВ2“ пренесува дека раководството на клубот морало да најде многу финансиски средства за да го обезбеди домаќинството, но од Виборг сепак истакнуваат дека успеале да пронајдат разумен компромис.
„Ако требаше да ја платиме сумата која првично ја побара ЕХФ немаше да бидеме домаќини на фајнл-фор турнирот, но успеавме да дојдеме до договор и да пронајдеме добро решение за двете страни. Сега задачата ќе биде да продадеме што повеќе билети. Нема да има никаква смисла ако луѓето не ни дадат максимална поддршка“, изјави директорот на Виборг, Јенс Штефенсен.
Според информациите покрај останатите трошоци, домаќинот ќе биде обврзан да го плати сместувањето на сите четири екипи кои ќе учествуваат на турнирот. Исто така доколку приходот од продадени билети не надмине 90.000 евра целата сума ќе ја добие Виборг, во спротивно ќе има поделба со ЕХФ.
Општината Виборг за организацијата ќе обезбеди околу 20.000 евра, додека уште 15.000 евра би требало да плати неименуван спонзор, делот кој ќе остане ќе биде покриен од страна на раководството на клубот.