Машката сениорска репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.
Во саботата избраниците на Кире Лазаров го имаа првиот собир, денеска ќе го имаат првиот тренинг во комплетен состав, а утре веќе заминуваат за Чешка.
Со оглед на реновирањето на пистата на аеродромот во Скопје, терминот за лет е вечерен, па ракометарите ќе полетаат за Острава во 17:50 часот.
По слетувањето во Острава ги чека уште еден час возење со автобус до Злин, каде што в среда ќе се одигра натпреварот.
Натпреварот се игра в среда од 19:15 часот, а нашите репрезентативци се враќаат во Македонија веднаш после полноќ.