Црна Гора со пелистерецот Радовиќ ќе брка пласман на СП

Машката репрезентација на Црна Гора во понеделник во Подгорица ќе игра двомеч против Грција за пласман на Светското првенство кое во јануари наредната година се одржува во Полска и Шведска.

Првиот меч во баражот е закажан за на 13. април во Грција, а реваншот се игра во Црна Гора четири дена подоцна.

Селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ го објави списокот од 16 играчи на кој се сите репрезентативци кои ја претставуваа Црна Гора на Европското првенство во јануари на кое оваа репрезентација го оствари својот најдобар пласман (11. позиција). Така на списокот е и ракометарот на Еурофарм Пелистер Мирко Радовиќ.