Вардар утре го очекува натпреварот против Веспрем во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Пред овој натпревар се најавуваше дека Веспрем во Скопје може да биде без еден од своите најважни ракометари, Расмус Лауге, сепак, Данецот заедно со останатиот дел од тимот тргна за Скопје.
Попладнево некаде околу 18:00 часот се очекува унгарскиот состав да пристигне во Скопје. Првиот натпревар од двомечот помеѓу Вардар и Веспрем се игра утре од 18:45 часот, додека реваншот е во „Веспрем Арена“ на 6-ти април исто така од 18:45 часот.