Амбициозната екипа од Турција, Кастамону, го промовираше второто засилување за следната сезона. По Симоне Бем, нова ракометарката во Кастамону ќе биде репрезентативката на Хрватска, Катарина Јежиќ. Двете одамна не ја кријат нивната љубовна врска.
Искусниот кружен напаѓач со актуелниот шампион на Турција потпиша едногодишен договор, а според турските медиуми, нејзината месечна плата во Кастамону ќе биде околу 5.000 евра.
Јежиќ моментално го носи дресот на Шиофок од Унгарија. Во унгарскиот клуб настапува од 2016 година. Во нејзината кариера беше дел и од екипите на Баја Маре, Локомотива Загреб, Будуќност и Замет.
За репрезентацијата на Хрватска настапува од 2011 година. Има одиграно 83 натпревари во националниот дрес на големите настапи и постигнато 170 погодоци.
Најголемиот успех со Хрватска го постигна на Европското првенство во 2020 година. Јежиќ со нејзините репрезентативни колешки беа најголемото изненадување на континенталниот собир освојувајќи го бронзениот медал.
Кастамону најде замена за Радичевиќ – потпиша со репрезентативка на Данска