Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија место во финалниот натпревар од групата А од Купот на Македонија.
Избраничките на Симе Симовски без проблеми го совладаа составот на Кузман Вардар со убедливи 42-19.
Победникот беше решен уште по првиот дел. Домаќинките отворија со водство од 7-2,па 10-3 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.
На полувреме предноста на Ѓорче Петров беше 19-8, а во вториот дел домашниот стратег имаше шанса да комбинира со составот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симона Василева со девет гола и Јасмина Попова со шест, додека кај Кузман Вардар по четири гола дадоа Нина Милевска и Сандра Јовевска.
Куп на Македонија, четвртфинални групи:
Група А
20/03, 12:00 часот, Вардар – Стружанка (Христо Батанџиев)
Ѓорче Петров – Кузман Вардар 42-19
20/03, 19:00 часот, Вардар/Стружанка – Ѓорче Петров (Христо Батанџиев)
Група Б
Феникс – Спартак 29:27
20/03, 19:00 часот, Овче Поле СУ – Чаир (Цар Самоил)
??? Феникс– Овче Поле СУ/Чаир
Група В
Металург – Астибо 43-19
Шампион – Гевгелија 23:21
Металург – Шампион 31:17
Група Г
Пелистер – Куманово 15-42
Деспина слоб.
20/03, 16:00 часот, Куманово – Деспина (Перо Наков)