„Петка“ за Темелкоски, ПАОК лесно до победа

Тимот на ПАОК од Солун каде што игра македонскиот интернационалец Евгениј Темелкоски, им се врати на победите во грчкиот шампионат.

По поразот од АЕК Атина, ПАОК славеше на домашен терен против ХАНТ со убедливи 42-19, а Темелкоски беше меѓу најдобрите стрелци.

Македонското десно крило постигна пет погодоци во противничката мрежа, исто колку што даде Сина, а осум пати погодуваше Јасин.

За ПАОК нема многу одмор и веќе в понеделник го игра следниот натпревар во грчкото првенство, а ривал е тимот на Дукас.