Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло во Лигата на шампионите.
Марјан Начевски доби нова задача од европската куќа на ракометот и ќе биде делегат на средба во соседството.
Тој ќе се грижи за се да помине во најдобар ред на натпреварот меѓу српскиот првак Партизан и унгарскиот гигант Веспрем, кој неодамна стана светски клупски шампион.
Овој натпревар е закажан за 7 oктомври во салата „Александар Николиќ“ од 18:45 часот, а судии доаѓаат од Естонија – Марион Кул и Алвар Тинт.
























