Репрезентацијата на Македонија во СЦ „Борис Трајковски“ славеше против Романија со 30:22 во првиот натпревар од првиот бараж за место на Мундијалот во Полска и Шведска.
Македонија во текот на целиот натпревар беше во водство и за реванш натпреварот, кој ќе се одигра на 19 март во Букурешт, обезбеди капитал од осум гола предност.
Секој играч на македонската репрезентација го даде својот придонес на терен, а најмногу се истакнаа Филип Талески со 10, односно Кире Лазаров и Филип Кузмановски со седум погодоци.
Одличната игра на Македонија против Романија и целиот натпревар може да ја погледнете на следниот ЛИНК.