Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва го игра третиот натпревар од ЕХФ Евро Купот, а ривал е Словенија.
Селекторот Љубомир Савевски од првичниот список ги изостави голманката Матеа Чурлиновска, левото крило Сара Миновска, и двете ракометарки што играат на десно крило и десен бек Теодора Дукоска и Ива Младеновска. Деби за сениорките ќе има Габриела Величковска од францускиот тим Кот Баске.
Домаќинот ќе биде без Елизабет Оморегие и Тјаша Станко, но во ростерот е една од најдобрите ракоемтарки на десната бековска позиција во моментов, Ана Грос.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра во Целје од 18:00 часот, а судии се Татјана Праштало и Весна Балван од Босна и Херцеговина.