Селекторот на Романија, Чави Пасквал, го објави списокот на ракометари пред двомечот со Македонија во првиот бараж за Светското првенство во 2023 година.
Шпанскиот стратег на списокот смести 22 ракометари, меѓу кои не е голманот на Сен Рафаел, Михаи Попеску. Тој сепак ќе биде со националниот тим, но како дел од стручниот штаб на Пасквал.
Од повиканите ракометари за подготовките, само двајца се интернационалци – Шимицу од Сен Рафаел и Григорас од Бенфика, додека сите останати настапуваат во домашнотото првенство.
Список на Романија:
голман: Јонут Јанку (Стеауа), Дан Василе (Констанца), Александру Букатару (ЧСМ Букурешт)
пивоти: Габрил Димитриу (Потаиса Турда), Адријан Ротару (ЧСМ Букурешт), Калин Деду (Динамо Букурешт)
крила: Валентин Јонеа, Никусор Негру (Динамо Букурешт) Сабин Константина (Стеауа), Роланд Талмајер (Потаиса Турда)
бекови: Андреј Бузле, Калин Кабут (Баја Маре), Кристијан Гита (Потаиса Турда), Роберт Милитару, Дан Ракоцеа, Октавијан Бизау (Динамо Букурешт), Едуард Јордаче (Бакау), Габриел Бурлаку (Стеауа), Габриел Кумпаник (Васлуи), Јанус Димитреску (Темишвар) Александру Шимицу (Сен Рафаел), Демис Григорас (Бенфика
Подготовките на Романија ќе започнат порано, на 11 март бидејќи беа поместени три кола во тамошниот шампионат, па Пасквал ќе има повеќе време за подготовки за дуелите со Македонија.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Скопје, додека реваншот е во Букурешт на 19 март.