Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналните групи во Купот на Македонија.
На Вардар, кој беше слободен во елиминациското коло, му се приклучија уште 15 екипи, меѓу кои и пет прволигаши.
Најинтересно би требало да биде во групата 4, каде Пролет и Еурофарм Пелистер 2, односно Прилеп и Голден Арт ќе се борат за Ф4.
Во рамките на групите ќе се играат полуфинални средби, па финале, а победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија. Четврфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март, додека Ф4 ќе биде на програмата на 14 и 15 мај.
Трофејот од минатата сезона го брани тимот на Вардар, кој во финалето беше подобар од Еурофарм Пелистер.
Куп на Македонија, четвртфинални групи:
Група А
Јуниор КВ – Вардар
Металург – Тиквеш
Група Б
Бутел – Скопје
Струга – Аеродром
Група В
Драчево – Охрид
Алкалоид – Еурофарм Пелистер
Група Г
Пролет – Еурофарм Пелистер 2
Прилеп – Голден Арт