ИДЕАЛЕН ТИМ НА 22. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

Регуларниот дел веќе заврши, а за разлика од ланската сезона, во оваа сезона играа 12 екипи, а игра и Вардар и Еурофарм Пелистер, кои ги зазедоа првите две места.

И во последното коло имаше интересни резултати, а ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 22. коло.

Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 22. КОЛО

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП            33:20 – ИЗВЕШТАЈ

ВАРДАР – СТРУГА            35:22 – ИЗВЕШТАЈ

РАДОВИШ – ТИКВЕШ    28:29 – ИЗВЕШТАЈ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ             25:25 – ИЗВЕШТАЈ

ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2           25:28 – ИЗВЕШТАЈ

СКОПЈЕ 2020 – МЕТАЛУРГ           10:0 службено

Според Вас, кој ракометар го одбележа дваесет и второто коло од машката Суперлига?

Емилијан Ѓорговски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
39.61%
Ненад Костески - десно крило - Еурофарм Пелистер
17.53%
Благојче Трајкоски - голман - Еурофарм Пелистер 2
16.23%
Патрик Валчак - пивот - Вардар
9.74%
Мирко Мајиќ - лево крило - Бутел Скопје
8.44%
Марио Танкоски - среден бек - Еурофарм Пелистер
4.55%
Ѓорѓе Голубовиќ - десен бек - Пролет
3.90%

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 22. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

ГОЛМАН: Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2) – Во победата против Охрид во СЦ „Билјанини извори“ која беше доволна за 3. место тој беше еден од клучните. Имаше важни одбрани во одлучувачките моменти и направи многу за освојувањето на бодовите. Заврши со двоцифрен број интервенции.

ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Одигра уште еден добар натпревар, но неговите осум гола не беа доволни за победа на тимот на Бутел во градското дерби против Пролет, кое заврши со нерешени 25:25.

ЛЕВ БЕК: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – Младиот ракометар на вториот тим од Битола имаше уште една одлична средба и сè повеќе ги покажува своите квалитети. Со девет гола беше најефикасниот играч во победата против Охрид.

СРЕДЕН БЕК: Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер) – Одигра една од подобрите средби сезонава и полека ја враќа старата форма. На средбата против Прилеп тој беше стрелец на четири гола.

ДЕСЕН БЕК: Ѓорѓе Голубовиќ (Пролет) – Постигна три гола, но на средбата против Бутел беше еден од подобрите асистенти. Во ова коло десните бекови беа слаби реализатори, па тој беше лидер во оваа категорија.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Продолжува да игра во добра форма. Тој беше еден од поефикасните на дуелот против Прилеп, а средбата ја заврши со пет погодоци.

ПИВОТ: Патрик Валчак (Вардар) – Репрезентативецот на Полска игра во сè подобра форма, а тоа го покажа и против стружани. На оваа средба стигна до пет погодоци.