По одигрувањето на елиминациското коло во Купот на Македонија, беа познати 15 екипи што продолжија во четвртфиналните групи, а нив во оваа фаза им се приклучи освојувачот на трофејот минатата сезона – Вардар.
На утрешната ждрепка ќе бидат формирани четири групи по четири екипи, а веќе се познати шеширите.
Покрај 11 суперлигаши, во оваа фаза ќе играат и пет прволигаши, а еден од нив – Алкалоид, кој го елиминираше Радовиш ќе се најде во третиот шешир пред ждрепката.
Во рамките на групите ќе се играат полуфинални средби, па финале, а победникот ќе обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Македонија. Четврфиналните групи ќе се играат на 12 и 13 март, додека Ф4 ќе биде на програмата на 14 и 15 мај.
Трофејот од минатата сезона го брани тимот на Вардар, кој во финалето беше подобар од Еурофарм Пелистер.
Куп на Македонија, четвртфинални групи:
шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје
шешир 2: Тиквеш, Охрид, Пролет, Струга
шешир 3: Прилеп, Металург, Скопје, Алкалоид
шешир 4: Голден Арт, Јуниор КВ, Драчево, Аеродром