Екипите на Радовиш и Тиквеш одиграа израмнет и неизвесен натпревар во последното 22. коло од регуларниот дел во Супер лигата, а после голема борба и драматичен финиш Тиквеш славеше победа од 29:28.
Радовиш на отварањето имаше водство само во еден момент, кога беше 3:2 а во останатиот дел гостите го контролираа резултатот. Во финишот на првиот дел Тиквеш имаше највисоки четири позитива, но на полувремето беше само два 16:14.
На почетокот на вториот дел домаќините брзо израмнија на 17:17, но Тиквеш веднаш се врати на плус два и водство од 19:17. Во 44. минута Постолов погоди за водство на Радовиш од 22:21. Натпреварот продолжи со игра гол за гол и максимална неизвесност.
До крај на натпреварот двете екипи беа во игра за победа, сепак, во самата завршница ракометарите на Тиквеш подобро се снајдоа, а Темелкоски погоди од крило на неколку секунди до крај што се покажа дека беше победнички гол. Остана малку време за Радовиш да избеген пораз, но домашните не успеаја да реализираат.
Уште пред ова коло беше познато дека екипата на Тиквеш ќе игра во плеј-офот, а со победата денеска и поразот на Охрид доби можност да пренесе два бода во новата група. Во плеј-офот влегува од 5. позиција. Радовиш финишираше на последното место, па ќе има само еден поен на стартот од плеј-офот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА