Ако ја мине Романија, Македонија пак ќе си има работа со Шпанец – Сабате е нов селектор на Чешка!

Ако Македонија ја елиминира Романија во првиот бараж за Светското првенство во Полска и Шведска, пак ќе се соочи со шпански предводник.

Чави Сабате е нов селектор на Чешка, па по Чави Пасквал кој ја води Романија, Кире Лазаров можеби ќе треба да подготвува стратегија за уште еден Чави.

Сабате во моментов е тренер на Висла Плоцк, а претходно беше селектор на Унгарија во времето кога го водеше Веспрем.

Тој доаѓа на местото на искусниот Растислав Тртик, кој имаше краток договор само за квалификациите за ЕП и за настапот на континенталниот собир.

„Имаме микс на искусни и млади играчи. Тоа е многу добра комбинација, тука  тимскиот дух и стручниот штаб кој се покажа одлично на ЕП. Можеме да направиме големи нешта. Но мора да работиме многу“, вели Сабате.

Чешка е слободна во првиот бараж за Мундијалот, а во вториот го чека победникот од дуелот меѓу Романија и Македонија.