Завршува уште еден месец, па како и вообичаено беа избрани најдобрите пет потези за февруари.
Во TOП 5 потези се најдоа и двајца ракометари на македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер.
Мајсторскиот гол на Жереми Тото во натпреварот на Вардар на гости кај Војводина се најде на третата позиција, додека чуварот на мрежата Е.Пелистер е на втората позиција со одбранетиот зицер против Партизан.
Место во ТОП 5 доби и одбраната на Доминик Кузмановиќ по ударот на Оливие Њокас во средбата на Нексе и Вардар.