Младиот кружен напаѓач Стефан Атанасовски ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Надежниот пикер на Вардар, до крајот на оваа сезона на позајмица ќе настапува во катарскиот шампионат.
Атанасовски ќе ги брани боите на Ал Араби, тим кој го дели првото место на табелата во тамошниот шампионат.
Ал Араби има 24 бода од девет меча, односно седум победи, едно реми и еден пораз, исто колку Ал Вакра.
Кружниот напаѓач потекнува од школата на Вардар, настапуваше во Вардар Јуниор, а подоцна и на Работнички.
Претходните неколку сезони собираше искуство низ настапите во регионалната СЕХА лига, а сезонава доби шанса и во Лигата на шампионите.