Тимот на Порто каде што настапува македонскиот голман Никола Митревски, им се врати на победите во португалскиот шампионат.
По поразот од Бенфика, Порто славеше на гостувањето кај Чико Андебол со убедливи 21 погодок разлика, 47-26.
Нашиот чувар на мрежата бранеше едно полувреме на овој натпревар и собра десет одбрани, со 41% на одбранети удари.
Покрај одбраните, Митревски погоди два пати во голот на Чико од двата обиди што ги имаше на овој натпревар.
Во следното коло, Порто ќе се соочи со тимот на Виторија.