Инцидентото кој се случи на натпреварот во кадетска конкуренција меѓу ГРК Борец и МРК КЛ 7 Свети Николе финишираше на зелената маса каде што покрај службен резултат следуваше и казна за еден од учесниците во инцидентот.
Тренерот на тимот од Свети Николе, Мики Панев доби казна од една година надвор од ракометот. Тој учествуваше во мешаница откако не беше задоволен од една од одлуките на судиите Божидар Јованов и Пепи Димков. Поради тоа доби црвен картон, па тргна во пресметка со арбитрите.
Средбата имаше прекин од неколку минути, а откако страстите се смирија натпреварот беше прекинат.
Овој дуел е регистриран со службен резултаат од 10:0 за тимот на Борец, а составот од Свети Николе остана покус за еден поен.
Инцидент во Велес – мешаници на терен, црвен картон и прекин на натпревар од кадетската лига (ВИДЕО)