Еден од првите македонските стратези со Мастер Коуч лиценца ќе го има првиот тренерски предизвик надвор од границите на Македонија. Аце Станковски го презема косовскиот тим Кастриоти Феризај и ќе се обиде да му донесе на тимот место во плеј-офот.
Станковски последниот ангажман во Македонија го имаше во прволигашот Вардар Неготино, со кој имаше одлични резултати, но на крајот на есенскиот дел беше прекината соработката.
Пред стартот на пролетниот дел од сезоната Кастриоти се наоѓа на петтото место по 14 одиграни кола, со седум победи и седум порази, а во преостанатите четири кола од регуларниот дел ќе се бори за место во разигрување за титулата
Кастриоти покрај на тренерската позиција го засилува и играчкиот кадар. Станковски во Феризај ги донесе голманот Мартин Божиновски и најдобриот прволигашки стрелец Адис Салиу, а потпишаа и Босанецот Мекиќ и Бразилецот Да Силва.
Поранешниот македонски репрезентативец има големо тренерско искуство и покрај селекторската функција во женската кадетска селекција, работеше во Вардар Јуниор, Вардар и ЖРК Вардар, како и во тимот на Скопје.