Репрезентацијата на Шведска ќе игра во финалето на Европското првенство во Унгарија и Словачка откако денеска го совлада составот на Франција 34:33 и се избори за нова пресметка со Шпанија во финалињата бидејќи истите селекции играа во финалето и во 2018 година.
Французите ја имаа контролата на играта од почетокот на средбата. Брзо дојдоа до 2:0 и овие два гола предност им дадоа сигурност во продолжението од натпреварот. Сите желби на составот на Шведска да се дојде до подобар резултат не даваа многу резултат, па тоа отвори простор за Франција да има водство од почетокот.
После неполни шест минути игра резултатот беше 5:1. Ова беше најава за мирен натпревар на Французите кои имаа плус четири и во 10. минута кога резултатот беше 7:3. Сепак, она што не можеа да го направат во првите десет минути, Швеѓаните го направија во следните десет. Пресвртот го почна голманот Паличка, кој прво влезе во серија на успешни интервенции, а потоа и самиот постигна гол за намалување на гол разлика во 13. минута (6:7). Самиот постигна уште два гола и тоа при 8:10 за израмнување на 10:10. Тука веќе беше фатен победнички ритам бидејќи продолжи диктирањето на играта и зголемувањето на предноста.
До крајот на првиот дел немаше проблеми за да се има контрола и да се има водството. Селекцијата на Шведска беше таа која можеше мирно на одмор бидејќи имаше 17:14 после 30 минути игра.
Вторите 30 минути донесоа постабилна игра во поглед на резултатот бидејќи немаше осцилации. Швеѓаните играа трпеливо и постојано беа во предност. Немаа поголеми проблеми да го одржуваат водството и беа во предност од два или три гола. Французите најдоа начин да постигнуваат повеќе голови и постојано беа близу до противникот, но никако и да намалат на еден гол и да фатат повеќе приклучок.
Готфридсон уште еднаш покажа зошто е моторот на играта на Шведска. Знаеше кога треба да притисне, а кога треба да застане и да го запре налетот и трпеливо да го гради нападот. Играше многу искусно, а тоа имаше одлична реакција на теренот.
Франција – Шведска (Полуфинале на ЕП 2022)
Oвој ритам на игра траеше до финишот. Мала надеж се појави на шест минути до крајот од натпреварот кога Франција намали на 29:31. Сепак, успеа само да намали бидејќи веднаш имаше одговор од Карлсбогард. Тој донесе плус три одново, а до крајот остануваше сè помалку време. Имаше уште пет минути. И покрај тоа Франција намали на 31:32, но тогаш на нешто повеќе од три минути до крајот на средбата, капитенот на триколорите, Валентин Порт направи груб прекршок и мораше на трибините бидејќи доби црвен картон.
Драмата почна во тој момент. Брзо потоа со играч помалку остана и селекцијата на Шведска, а на голот на Нахи, Готфридсон одговори со погодок така што одново беше плус два. Кога беше најпотребно, Паличка во зицер ситуација го „здрви“ Фабрегас и тука веќе беше јасно. Шведска оди во финале против Шпанија исто како и пред четири години.
ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА 33:34 (14:17)
Сала: „Мултифункционална арена“ во Будимпешта. Судии: Бојан Лах и Давид Сок од Словенија. Делегати: Јута Ерман Волф од Германија и Никола Визитиу од Молдавија.
ФРАНЦИЈА: Жерард, Пардин, Лене 1, Мин 8, Ричардсон 2, Мем 2, Турна 1, Карабатиќ 1, Фабрегас 5, Дескат 8, Порт 1, Конко 1, Нахи 3, Монар, Конан, Брио
Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.
ШВЕДСКА: Паличка 3, Јоханесен, Калрсбогард 5, Мелегард, Дарј 1, Д. Петерсон, Ф. Петерсон, Пелас 7, Лагергрен 3, Готфридсон 9, Персон 1, Едвардсон, Тулин, Бергендал 1, Валиниус 4, Хринц
Седмерци: 4/4, Исклучувања: 8 мин.