Суперлигашот Радовиш и прволигашот Младост ги одмерија силите во пријателски натпревар, кој беше одигран во Богданци, а победа оствари составот на Радовиш со седум гола разлика, 37:30.
Воедно, овој натпревар беше прва контрола за двете екипи. Во Младост недостасуваа најискусните, Мите Караиванов и Никола Роглев.
Одлучувачки беше последниот дел од средбата, во кој ракометарите на Радовиш со цврста одбрана и добро организирани акции стигнаа до победа.
Во победничката екипа најефикасни беа Филип Трајанов со осум и Ангелче Органџиев со седум погодоци. Во Младост се истакнаа Антонио Николоски со шест и Стојанче Наумовски со пет погодоци.
Двете екипи се подготвуваат за Суперлигата, односно Првата лига што ќе стартуваат на 2, односно 12 февруари.