Репрезентацијата на Данска ја продолжува победничката низа на Европското првенство и славеше лесна и убедлива победа во претпоследното коло од групната фаза против Холандија со 35:23 за потврда на пласманот во полуфиналето.
Холанѓаните се најмногу погодени од коронавирусот, после одличните изданија на воведните натпревари останаа без клучните играчи и немаа сили да се спротивстават на светскиот шампион. На овој дуел настапија без двајцата носители на играта Кај Смитс кој беше позитивен на коронавирус и Лук Стеинс кој мечот го преседе на клупата.
Уште од почетокот Данците доминираа на теренот и рано најавија лесен триумф. Веќе во 16. минута Данска имаше предност од 11:6, а до крајот на првите 30 минути ја продолжи доминацијата и рано ја обезбеди победата кога водеа 21:12 на полувремето.
Данска влезе во натпреварот максимално и играше на потребното ниво. Особено расположени за игра беа Микел Хансен, Матијас Гидсел и Јохан Хансен кои сигурно ја водеа својата репрезентација низ натпреварот. Во второто полувреме без многу проблеми го приведоа до крај на наптреварот со рутинска игра за зацврстување на првото место на табелата.
Гидсел беше најефикасен со девет гола без промашување и беше прогласен за играч на натпреварот. Микел Хансен и Јохан Хансен постигнаа по седум гола седум гола. Во составот на Холандија Дани Баијенс беше најпрецизен со шест погодоци. Во последното коло Данска ќе игра против Франција, а Холандија за противник ќе ја има Хрватска.
ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА