Во последното трето коло од првата фаза на Европското првенство Македонија ќе се сретне со резпрезентацијата на Данска во која скандинавците се огромни фаворити.
Во пресрет на натпреварот средниот бек на Данска, Расмус Лауге Шмит најави дека ќе се обидат да ги заштедат силите за главната фаза и шанса ќе добијат сите ракометари.
„На натпреварот против Макеоднија ќе им дадеме малку повеќе време за игра на играчите кои не играа многу на првите два натпервари. Да се вклучат сите во турнирот и да одиме во главната рунда порелаксирано“, рече Лауге.
Натпреварот се игра вечерва со почеток во 20:30 часот. Ова ќе биде последен меч на Македонија на континенталниот собир.
По натпреварот нашите репрезентативци со чартер лет веднаш се враќаат во Македонија.