Левиот бек на репрезентацијата на Македонија, Филип Талески уште еднаш имаше сличен коментар како оној после натпреварот вчера кога изјави дека одиграле срамно.
„Стојам зад кажаното вчера дека одиравме срамен натпревар. Утре не очекува уште еден натпревар против Данска. Во Скопје одигравме добар меч и ги победивме. Топка е и можеме да имаме шанси, но Данците покажаа дека се моќни и атакуваат на злато. Одиме да се надигруваме какошто беше во Скопје и што биде нека иде. Сакаме да го завршиме првенството борбено и со убав натпревар“, изјави Талески.
Утре средбата против Данска се игра од 20:30 часот, а со оглед на тоа што Данска веќе обезбеди втор круг ова може да биде интересна средба.