Репрезентацијата на Франција победнички го отвори Европското првенство и во дербито од групата Ц ја совлада репрезентацијата на Хрватска која беше без клучните играчи Домагој Дувњак и Лука Циндриќ со 27:22.
Франција поведе со 4:1 и постојано во продолжението го контролираше резултатот. Веќе во 9. минута Французите имаа 7:2 и најавија лесен триумф. Хрватска не се предаваше и до крај на првото полувреме усепа да намали на минус два. На полувреме Франција водеше 13:11.
Но тоа беше најмногу што можеа Хрватите без клучните играчи, Мем и Фабрегас со по два гола ја вратија Франција на безбеди четири предност. Тин Лучин возврати со два последователни гола за одново Хрватска да намали на минус два во 47. минута.
Давид Мандиќ во 48. минута доби директно црвен и син картон за еден остар страт врз противникот. Во тој момент Хрватска стана со три играчи помалку во поле што беше добра шанса за Франција. Французите во овој период постигнаа два гола и поведоа четири разлика на десет минути до крај.
Во последните десетина минути искусниот тим на Франција без проблеми го приведе натпреварот до крај и запиша прва победа на првенството. Венсан Жерар беше одличен на голот на Франција со 14 одбрани, а најефикасни во победничката репрезентација беше Уго Деска со седум гола, додека со шест гола постигна Дика Мем. Во тимот на Хрватска најефикасен беше Иван Чупиќ со шест гола.
ЕП 2022 – ГРУПА Ц
ТАБЕЛА